ОГЛАСИ

Улицата „Егејска“ раскопана, а нејзини делови се во целосен мрак

Вести | Охрид | 20.03.2017 15:01Посети : 1778

Жителите од „Егејска“ со апел до надлежните да извршат санација на улицата која со години е раскопана и со дупки. Истовремено, голем дел од улицата во вечерните часови е неосветлен и во целосен мрак.




- Долг период ние жителите на „Егејска“ функционираме како да живееме на некое запуштено место, запоставено и за кое никој не води грижа. Имено, околу 100 метри од пресекот со улица „7-ми Ноември“ се целосно неосветлени. Во темница и со страв нашите деца се приморани да доаѓаат од училиште. На тој дел воопшто не постои улично осветлување. Истиот проблем е и на крајот од улицата до пресекот со „ Железничка“, мрак и неосветленост, велат жителите.




Тие додаваат дека движењето по улицата во вечерните часови дополнително го отежнуваат и бројните кучиња скитници, кои особено се бројни во овој дел од градот.


Се надеваат дека надлежните ќе одговорат на нивните барања и ќе преземат соодветни мерки за решавање на наведените проблеми.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот од Супер лигата?

1

2

3

Од 4 до 6 место

Гласај

1 - 183 гласови (30%)

2 - 81 гласови (13%)

3 - 105 гласови (17%)

Од 4 до 6 место - 249 гласови (40%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833