ОГЛАСИ

Наставници од ОУ „Григор Прличев“ во посета на училиште во Марибор

Вести | Охрид | 20.03.2017 16:09Посети : 2535

Наставници од основното училиште „Григор Прличев", предводени од директорката Силвија Мојсовска беа во посета на ОУ „Песница" во градот Марибор, Република Словенија. Целта на оваа средба по иницијатива на училиштето од Марибор, е соработка со училиштето од Охрид и две од Белград и од Крушевац.




Во рамките на оваа едукативна посета , наставниците имаа можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. Преку директна посета на часовите организирани од тамошниот наставно-стручен кадар, нашите наставници разменуваа идеи и разговараа за искуствата кои словенечките наставници ги стекнале при посета на училишта во Финска, Португалија и Јужна Кореја, а со цел имплементирање на истите во нивната секојдневна настава.



Она што доминира во словенечкиот образовен систем е умешноста на учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат. Преку најнови наставни техники и методи и со користење на современи наставни помагала, тие сами доаѓаат до суштината на индуктивното мислење наспроти фронталната настава. Оваа посета е почеток на низата средби и соработки помеѓу овие училишта кои ќе се остваруваат и во иднина.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?

Да

Не

Гласај

Да - 714 гласови (77%)

Не - 210 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833