ОГЛАСИ

СП: А селекцијата ја започна мисијата Лихтенштајн

Спорт | Македонија | 20.03.2017 16:40Посети : 276

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн кој ќе се одигра на 24 март на гостински терен во Вадуз. Под будното око на селекторот Игор Ангеловски и неговите помошници се одржа првиот тренинг во пресрет на важниот дуел во кој Македонија влегува како фаворит.





- Никогаш и никаде нема да бараме алиби иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно добри фудбалери кои ќе одговорат на задачата и на обврските кој ќе им бидат зададени. Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок но се надевам дека тоа ќе биде плус повеќе за да срушиме таа традиција. - изјави селекторот Ангеловски.



„Црвено жолтите“ во четирите одиграни натпревари во Г група немаат освоен ниту еден бод претрпувајќи четири порази, затоа селекцијата на Лихтештајн е шанса која не смеат да ја пропуштат. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот од Супер лигата?

1

2

3

Од 4 до 6 место

Гласај

1 - 183 гласови (30%)

2 - 81 гласови (13%)

3 - 105 гласови (17%)

Од 4 до 6 место - 249 гласови (40%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833