ОГЛАСИ

Објавена хаику книгата „Шафран“ од Пере Ристески

Живот | Книга | 21.03.2017 10:26Посети : 1612

Во издание на Издавачката куќа „ПНВ“ — Скопје, излезе од печат најновата книга Шафран, книга со хаику поезија од Пере Ристески.




За најновото хаику остварување на Ристески, проф. д-р. Димитар Пандев вели: „Збирката Шафран се чита како поема. Од почеток до крај е целина. Ода за шафранот. Но исто така се чита и засебно секоја хаику песна. Секоја од песните си е песна со своја тема и свој ритам. Практично, како да имаме две хаику збирки во една. Уште една доблест на оваа книга.  Додека ги чита овие хаику песни, читателот може да се најде и во Јапонија и во Јужна и Америка, во Шпанија и Франција, како и во Македонија. Таму каде што има услови за одгледување шафран. Таму каде што ги има сите годишни времиња. И каде што има славеи, врби, води, жетви, глог, облаци, сонце, ветар, дожд, јоргован, липа... Идеално шифриран контекст за хаикуто! И мирис. Со оваа збирка Пере Ристески го надразнува сетилото за мирис. И ја буди потребата на сетилото за вкус. И нуди спокој. И мир во душата. Како шафранот.“

Покрај хаику, Ристески пишува и танка и сиџо поезија објавувана во реномирани списанија во Европа и светот.
      

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833