ОГЛАСИ

Писмо од внук ми (Т'га за Охрид) - Емотивната писмена на охриѓанецот Круме која ги одушеви Словенците

Отворена | Писма | 25.03.2017 13:20Посети : 13899

Младиот Круме Балески кој живее со своите родители во Словенија е неизмерно заљубен во Охрид, каде живеат неговите блиски и каде тој го поминува летниот одмор. Една писмена задача ги одушевила неговите професори и соучениците во Словенија. Во неа тој искажува силни чувства за Охрид кој неизмерно го сака.


Емотивната писмена - писмото на малолетниот Круме во кое ја искажува „Т'гата за Охрид“, прочитајте го во продолжение:


Летните одмори завршија, 70 денови сум живеел во Охрид. Таму живеат сите мои најблиски бабите дедовците, тетка ми, стрико ми пријателите... Тргнуваме од Охрид... Мојот татко ја вози колата јас седам на задното седиште и размислувам како било убаво до сега и како ќе биде после 12 часа кога ќе сме во Марибор.


Си спомнувам како убаво си поминав со моите пријатели со моите најблиски на езерото и на сите убави моменти. Мислам на прошетките наутро покрај езерото, кое е мирно, на ветерот како дува, сонцето грее, езерото е мирно, а птиците пеат, јас уживам со пријателите во прошетките. Размислувам како беше кога со кајче одев на сите диви плажи.Таму е водата кристално чиста и лесно можеш да ги обиколиш со чамец бидејки се наоѓаат под самите карпи...

Размислувам затоа што сум го чувствувал кога собирав мрежи кои полни со риба и колку сум бил среќен кога ќе фатевме Охридска пастрмка. Тогаш знаев дека со пријателите за ручек ќе вкусиме риба. Мислам на чувството кога со пријателите наутро се возиме со чамец и гледаме сино небо и бистра вода бесконачен хоризонт, мир и тишина.


Ноќите се секогаш живи, од секаде се слуша музика, во Античкиот театар има претстави и концерти на кои повремено присуствуваме, а некогаш музиката ја слушавме оддалеку. Надвор од црквата Св.Софија седевме со пријателите до доцни саати и разговаравме, а некогаш оддевме под Самуиловите тврдини каде игравме фудбал.


Размислувам за моите ситни престапи кои ги правевме со мојот другар Марко. На пример летање со параглајдер без дозвола од родителите, возење во голем глисер без да знаат постарите, кога го блокиравме патот со камења, како земавме риби од други мрежи, како ќе бевме тепани од таксист на кого му фрливме водени балони.


Размислувам за моите баби и нивната бесконечна љубов кон мене и се што прават за мене... за мојата тетка Сузе, за мојот братучед Антонио со кого сум многу близок, за мојот брат Мартин, за мојот стрико Горан со кого заедно одиме на стрелачко. Размислувам за сите моменти кои сум ги доживеал во мојот еден и единствен град Охрид.


Тоа е место каде лесно ги доживувам своите мисли и соништа, наеднаш се будам ги отварам очите и се соочувам со реалноста на таблата пишува 100 км до Загреб и тогаш знам дека е крај на моите соништа, крај на убавите моменти, повторно училиште, продавница, оброци...


За момент помислувам дека автомобилот ќе го свртат назад и дека се враќаме во мојата убава Македонија, но тоа се само мои длабоки сништа.


КРУМЕ БАЛЕВСКИ
(ОСНОВНА ШКОЛА МАРИБОР СЛОВЕНИЈА)
Превод Горан Балески

Оригинален текст на словенечки јазик: 


Poletnih počitnic je konec.70 dni sem preživel na Ohridu. Tam živijo vsi moji sorodniki babici, dedek, teta, stric in prijatelji....Odhajam iz Ohrida... moj oče že pelje z avtom, jaz sedim zadaj in razmišljam... kako je bilo lepo in kako bo čez 12 ur v Mariboru. Obujam spomine, kako sem se lepo imel, mislim na moje prijatelje, na sorodnike, na jezero in na vse lepe trenutke. Mislim na jutranje sprehode ob jezeru, ko je mirno, na veter kako piha, sonce greje, jezero je mirno, ptice čivkajo, jaz pa uživam s prijatelji in se sprehajam. Razmišljam, kako je bilo, ko sem bil v čolnu in se peljal na vse divje plaže. Tam je voda kristalno čista, modro zelene barve in se kopam le jaz in moji najboljši prijatelji. To so plaže, ki jih lahko obiščeš le s čolnom, ker se nahajajo pod skalami. Razmišljam o občutkih, ki sem jih doživljal, ko sem pobiral mreže, ki so bile polne rib, še posebej sem bil srečen, če se je v mreže ujela kakšna Ohridska postrv. Takrat sem vem, da bomo s prijatelji za kosilo jedli okusne ribe. Mislim na tisti občutek ko sem zjutraj sam s prijatelji v čolnu in se le mi vozimo naokoli, povsod okrog vidiš le modro nebo in mirno bistro vodo, neskončno obzorje, mir, povod je tišina.... Noči pa so tako živahne, povsod se sliši glasba, v Antičnem teatru so predstave, koncerti, ki smo se jih občasno udeležili, včasih pa smo glasbo poslušali od daleč. Zunaj cerkve Sv. Sofije smo se dobivali s prijatelji, sedeli smo na klopeh in se ure in ure pogovarjali, nato pa smo šli pod Samoilovo trdnjavo, kjer smo igrali nogomet. Razmislim na norčije, ki sva jih ušpičila s mojim najboljšim prijateljem Markom. Na primer: letenje s padalom brez dovoljenja staršev, vožnja z velikim očetovim čolnom na skrivaj, ko smo blokirali ceste s kamni, ko smo kradli tuje mreže polni rib, ko smo bili skoraj tepeni od taksista, ki nas je ulovil, ob tem, ko smo dajali vodne žabe turistom v brisače....Razmišljam o mojih babicah,o njuni neskončni ljubezni do mene in o vsem kar sta naredili za mene...o moji teti Suze, o mojem bratrancu Antoniju s katerim sva si zelo blizu, o mojemu bratu Martinu, o mojem stricu Goranu s katerim sva hodila skupaj na streljanje. In to so le nekateri trenutki, ki sem jih doživel,v mojem in edinem mestu Ohridu. To je mesto v katerem lahko uresničim svoje sanje in svoje želje. Nato se zbudim, odprem oči in se soočim z realnostjo, vidim tablo na kateri piše 100 km do Zagreba in takrat vem,da je konec mojih sanj, konec lepih trenutkov, prihajajo težki časi... Spet se začenja šola, tam so Spar, bloki, Klasek.... Za trenutek pomislim,da bi avto obrnili nazaj, da se že peljemo v mojo ljubo Makedonijo.....a to so le moje globoke sanje...


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1394 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833