ОГЛАСИ

НАСА открива: Можно е на сателитите на Јупитер и Сатурн да има живот

Занимливости | Свет | 14.04.2017 10:19Посети : 490

НАСА на прес конференција  претстави големо откритие поврзано со сателитите на Сатурн и Јупитер, на кои постои можност за живот, пренесува „Макфакс“.


„Остваривме голем напредок во одговор на прашањето што сите нè интересира – дали има живот во вселената“, рече Томас Зурбахен од НАСА.



Научниците на НАСА веруваат дека постои голема можност на месечината на Сатурн, Енцелад да постои океан.

Леталото „Касини“ откри дека водоводот што би можел да укаже на постоење на микроби на Енцелад, иако засега не се откриени докази за постоење на организми.

Откритието на водород укажува на постоење на енергија нужна за развој на животот.
Енцелад има речиси сè што е потребно за живот каков што постои на Земјата. Амонијак, Јаглерод Диоксид и водород, како и некои органски материи. Откриениот водород би можел да биде основа за живот, слично како на Земјата, а водородот би можел да биде основа на хемиската енергија за прехранбениот синџир.

Месечината на Јупитер, Европа, е слична по големина на нашата Месечина, а телескопот Хабл откри дека и на неа е можен живот.

Гасовите што се испуштаат на Европа се доказ дека и на оваа месечина постои извор на енергија. Една можност е под површината да постои вода која испарува. Ги преминуваме границите како никогаш до сега“, порачуваат од НАСА.

Според нив, потенцијалниот живот во вселената што би можел да биде откриен, ќе изгледа целосно поразлично од животот на Земјата.

Неодамна НАСА објави дека откриле траги од постоење на вода на Марс, како и цел потенцијално населив соларен систем во близина на нашиот.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 452 гласови (34%)

Не - 362 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 498 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833