ОГЛАСИ

Од печат излезе пролетното издание на „Наше Здравје“ со корисни совети и актуелности од медицината и стоматологијата

Живот | Здравје | 14.04.2017 13:47Посети : 2119

Информации и корисни совети за алергиите, употребата на витамините, пролетниот замор, стручни препораки за заштита на здравјето и актуелни теми од областа на медицината и стоматологијата содржи пролетното издание на магазинот „Наше Здравје“, кое излезе од печат за Велигденските празници. Во него уште ќе прочитате за отворањето на новата супер модерна очна болница „Деница“, како и други содржини кои ќе го задржат вниманието на читателите.



-Навлеговме во пролетта, а со тоа и во време кога алергиите напаѓаат од сите страни. За тоа како да го победиме постојаното солзење на очите, досадното кивање и кашлање, гушењето во грло, но и многу други симптоми што ја следат оваа состојба, во пролетното издание  „Наше Здравје” направивме разговор со најдобриот стручњак од оваа област кај нас, убедени дека советите и укажувањата на најдобар начин ќе можат да им помогнат на оние кои имаат потреба од заштита и лекување на алергиите. - вели главниот уредник фармацевт м-р Марица Угриноска Баткоска.



Издавач на магазинот „Наше здравје“ е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Извршен уредник е Горан Момироски, уредник соработник Мишо Китаноски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски.



Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот и пошироко.


OhridNews




 


Навлеговме во пролетта, а со тоа и во време кога алергиите напаѓаат од сите страни. За тоа како да го победиме постојаното солзење на очите, досадното кивање и кашлање, гушењето во грло, но и многу други симптоми што ја следат оваа состојба, во пролетното издание  „Наше Здравје” направивме разговор со најдобриот стручњак од оваа област кај нас, убедени дека советите и укажувањата на најдобар начин ќе можат да им помогнат на оние кои имаат потреба од заштита и лекување на алергиите.



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833