ОГЛАСИ

Фатен 33-годишен стружанец кој украл касетофон од автомобил

Вести | Охрид | 20.04.2017 12:17Посети : 3548

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, полициската станица од Струга поднесе кривична  пријава  против 33-годишен стружанец.
Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот март-април оваа година со бесправно одземање на авто радио касетофон марка „Пионир“ од патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблици. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари.



- Пријавениот, знаејќи дека сопственикот на патничкиот автомобил е во странство, успеал да добие информација дека истото е оставено на паркинг во гаражите од комплекс во Струга. Во извршувањето на казненото дело, лицето употребило тврд предмет и насилно ги отворило предните врати од автомобилот. За кратко време, пријавениот го истргал авто радио касетофонот од лежиштето во автомобилот и избегал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Полициските службеници, по добиени оперативни информации, го повикале пријавениот и по извршените разговори со него, го пронашле авто радио касетофонот и му го вратиле на сопственикот на возилото.


OhridNews  

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?

Да

Не

Гласај

Да - 707 гласови (77%)

Не - 209 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833