ОГЛАСИ

Бидете хумани-донирајте за социјално загрозените, стари лица и лица со посебни способности

Вести | Охрид | 20.04.2017 13:35Посети : 863

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 17-23 април, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за  обезбедување храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, кои ќе бидат наменети за социјално загрозените, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.



- Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид на улица „Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајќи и сабота и недела од 8 до 15 часот, како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид, велат од општинскиот Црвен крст.


Хуманите граѓани можат да даваат доброволни прилози и на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст, кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот, како и да донираат парични средства на мобилните тимови, во рамки на акцијата „Од куќа до куќа“, во која волонтерските тимови ќе приложат плико и информативен флаер за вклученоста на граѓаните во акцијата според нивната желба и можности, Донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност”.


OhridNews
    

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 361 гласови (39%)

Не - 74 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 482 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833