ОГЛАСИ

ЖРК Лихнид и РК Охрид ќе учествуваат на турнир во Златибор

Спорт | Охрид | 20.04.2017 22:11Посети : 5436

Женскиот ракометен клуб Лихнид со две генарации и Ракометниот клуб Охрид со една генерација ќе учествуваат на меѓународниот турнир кој ќе се одржи од 21 до 23 април во Златибор.



Ракометниот клуб Охрид ќе се натпреварува со пионерската екипа која моментално се наоѓа на првата позиција на табелата во македонскиот шампионат, додека „китовите“ силите со противниците ќе ги одмерат со екипите од 2000 и 2002 година.

Пионерската екипа на РК Охрид трет пат ќе учествува на турнирот во Златибор, а ќе се сретне со екипите на Славија и Слога. Ракометарките на Лихнид (2000г.) по втор пат ќе се престават на меѓународниот турнир, а ќе се натпреваруваат со Подгорица, Славија, Раднички и Босна, помалите односно ракометарките родени 2002 година ќе се судрат со Хаџици, Пријеполје, Подгорица и Слога.


- За сите нас ова ќе биде ново и големо искуство иако имаме учествувано на турнирот во Златибор. Патуваме без резултатски притисок, но со голема задача и мотивација да го преставиме во најдобро светло охридскиот ракомет. - коментираат тренерите од двата клуба.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1225 гласови (37%)

Не - 839 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1236 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833