ОГЛАСИ

НБА: Мемфис ја намали негатива, а Кливленд ја зголеми предностa (видео)

Спорт | Свет | 21.04.2017 08:42Посети : 271

Кошаркарите на Кливленд се наоѓаат на една победа од пласман во следната рунда во плејофот во НБА лигата, откако во третиот меч од серијата со Индијана славеа со 119-114 и поведоа со 3-0.



„Пејсерси“ на полувреме имаа водство од 15 поени, но „коњаницата“ во вториот дел предводена од Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 41 кош го сврте резултатот во своја полза и забележа нова вкупно трета победа.



Екипата на Мемфис ја врати неизвесноста во серијата со Сан Антонио победувајќи во третиот меч 105-94 после кој намалија на 2-1. „Гризлите“ и четвртиот меч го играат пред своите гледачи што ќе биде шанса за егал со „мамузите“ кои се меѓу петте фаворити за тронот во НБА лигата сезонава.



Резултати: Индијана - Кливленд 114-119 (0-3), Милвоки - Торонто 104-77 (2-1), Мемфис - Сан Антонио 105-94 (1-2).


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1225 гласови (37%)

Не - 839 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1236 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833