ОГЛАСИ

Девин Брукс продолжува во Србија

Спорт | Охрид | 21.04.2017 09:02Посети : 840

Американскиот интернационалец Девин Брукс кој ги бранеше боите на кошаркарскиот клуб АВ Охрид кариерата ја продолжува во тимот на Динамик од Србија.



Организираторот на играта со охридскиот состав имаше тримесечен договор, а после одигрувањето на мечевите во српското првенство ќе седне со челниците од АВ Охрид и ќе преговара за нова соработка.

Со Брукс во тимот „галебите“ го прелетаа плејаутот и обезбедија опстанок во дебитанското учество во Првата кошаркарска лига во Македонија.

- Обострано се договоривме со Брукс да се разделиме претходно од договореното, односно одма после завршувањето на мечевите во плејаутот. Тој доби шанса да одигра уште месец-два во Србија и ние не сакавме да му ја одземе шансата да заработи уште нешто. Кога ќе заврши сезоната во Србија, ќе седниме на маса и ќе ги разгледаме шансите за продолжување на соработката. - изјавија од клубот.



Со опстанокот во прволигашкото друштво „галебите“ ја исполнија главната и примарната цел пред стартот на сезоната, а за следната од клубот најавуваат далеку подобар АВ Охрид во елитата.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 479 гласови (34%)

Не - 390 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 525 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833