ОГЛАСИ

Хотел „Гарден“ Охрид направи шопска салата од 202 килограми за Гинис!

Вести | Охрид | 21.04.2017 20:20Посети : 18265

Хотелот „Гарден“ и Охрид од денеска се сопственици на Гинисов рекорд за најголема шопска салата во светот.



Персоналот на хотелот со поддршка на ученици од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески, заедно со јавни личности, и угостители од Русија, Украина и Македонија подготвија 202,86 килограми од оваа позната салата која ја прават сите земји во регионот, со што го срушија рекордот кој го држеше Бугарија каде е направена шопска салата од 80 килограми.



Иницијативата да се подготви шопска за Гинис е на Ина Жарова од Русија, инаку повремен жител на Охрид и најпознатиот професионален угостителски критичар во Русија Олег Назаров. Заедно со нив во х. „Гарден“ во Охрид пристигнаа и петнаесетина сопственици на познати ресторани во Москва, кои учествуваа во подготвувањето на салатата со светски рекорд за која специјално беше изработен соодветен сад. Настанот го поддржаа Македонско - руската стопанска комора и „Македонски трговски дом“.




Рекордот го верификуваше меѓународна комисија која на сопственикот на х. „Гарден“ Наум Бакрески и на претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска им врaчи соодветен сертификат.





Шопската салата за Гинис ја вкусија гостите на х. „Гарден“ кои присуствуваа на кулинарскиот подвиг. Дел од салатата за Гинис хотелот „Гарден“ во соработка со Црвениот крст од Охрид ја донира на социјално загрозени граѓани, хуманитарни организации и институции.


Фото галерија:




















Хотел „Гарден“ Охрид направи шопска салата од 202 килограми за Гинис!


 


 


Г.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 307 гласови (19%)

Не - 1313 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833