ОГЛАСИ

На општинските Игри без граници учествуваа херои, ѕвезди, ама и мафија

Занимливости | Охрид | 15.05.2017 07:31Посети : 2112

Необични имиња за необични подвизи. Основците од Охрид очигледно инспирирани од телевизиски херои и антихерои со силни имиња на екипите настапија на училишните Игри без граници што викендов во организација на извидничкиот клуб „Пионер“ се одржаа во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“.





На игрите триумфираше екипата „Ѕвезди“ од IV-4 одделение од ОУ „Григор Прличев“, второто место и припадна на екипата „Мафија“ од VI одделение од ОУ „Христо Узунов“, а третото место и припадна на екипата „Херои“ од III-6 одделение од ОУ „Братсво и Единство“ - Лескајца.





На Игрите без граници годинава учествуваа 400 ученици од II-IX одделение од основните училишта во Охрид. Игрите започнаа во февруари, а се одржуваа низ повеќе учишишта во Охрид и Дебрца.





-Со спроведување на проектот во кој се преплетуваа забавно-едукативни активности, учениците ги развиваа психофизичките способности, а со самото учество во екипен состав секој ученик ја развиваше тимската работа и натпреварувачкиот дух.-велат организаторите.




Проектот е поддржан од локалната самоуправа и основните училишта во Охрид.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 46 гласови (15%)

Не - 261 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833