ОГЛАСИ

Почнува Кански филмски фестивал – македонска копродукција меѓу можните лауреати

Живот | Филм | 16.05.2017 18:04Посети : 933

Со филмот “Les Fantômes d’Ismaël” (Духовите на Исмаил), новиот филм на режисерот Арноа Деплешен (Arnoa Deplešena), утре вечер ќе биде отворена најзначајната филмска смотра во светот-Канскиот филмски фестивал, кој годинава слави седум децении од постоењето, јавува 2Макфакс“. Домаќин на престижната церемонија е италијанската актерка Моника Белучи.


Вкупно ќе бидат прикажани 49 филмови од 29 земји, меѓу кои 12 режисери од понежниот пол.



Статуетката „Златна палма“ ќе отиде во рацете на еден од 18-те филмови селектирани во главната програма. Во оваа програма има по четири филмови од Франција и САД, два од Јужна Кореја и по еден од Унгарија, Велика Британија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Германија и Јапонија. Меѓу фаворитите се филмот на Софија Копола „Измамената“ со Никол Кидман и Кирстен Данст, новите филмови на Франсоа Озон, Михаел Ханеке и Фатих Акин.


Со високореномираното жири ќе претседава големиот шпански режисер Педро Алмодовар.



Македонска копродукција во компетитивната програма „Un Certain regard“

Филмот „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, со учество на македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска ќе биде прикажан во програмата  „Извесен поглед“, втора по важност компетитивна програма.

За филмот да го изоди патот до црвениот тепих во Кан, заслужни се и македонската костимографка Жаклина Крстевска и потписникот на шминката Мартин Павловски.



Жанровски, „Насоки“ е драма, снимена на бугарски јазик. Инаку, Командарев е еден од водечките бугарски и европски режисери.

Филмот е поддржан и од Македонската агенција за филм.

Во конкуренција со филмот „Насоки“ се селектирани уште петнаесет филмски остварувања, меѓу кои на режисерите Мишел Франко, Куросава Кијоши, Анарита Замбрано.

Минатата година престижната „Златна палма“ ја доби британскиот режисер Кен Лоуч за филмот „Јас, Даниел Блејк“.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 307 гласови (19%)

Не - 1313 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833