ОГЛАСИ

Д-р Јос Ферхуфен: Студенчишко блато треба да се конзервира и заштити, а не да се гради

Вести | Охрид | 18.05.2017 16:26Посети : 2147

Студенчишко блато е последниот зачуван блатен систем на Охридското Езеро и треба да се конзервира и заштити, што значи дека тука не треба да има градежни активности, изјави претседателот на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми Д-р Јос Ферхуфен кој престојува во работна посета на Охрид. Тој истакна дека се уште има шанса да се зачува Студенчишко блато каде живеат голем број птици и животни.



-Прв пат во Охрид дојдов пред 40 години и тогаш немаше патека која го дели блатото од езерото. Многу е важно да се заштити остотокот од Студенчико блато, а не дополнително да се уништува со градење. Сметам дека владините проекти кои се планираат на овој простор ќе го унишатат целосно блатото, но тие можат да се реализираат на друго место без да се уништува блатото. Ова е последното блато кое останало на Охридското Езеро. Слушам дека државата сака да заштити само 5 хектари од него што не е доволно и тоа сигурно ќе значи негово целосно исчезнување во иднина. Блатото е филтер на езерото и дом на многу животински видови кои ги има само на ова место. Неговата функција е исклучителна за еко системот и сметам дека од исклучителна важност е блатото да се зачува за идните генерации. - истакна д-р Ферхуфен.



Еминентниот научник вели дека Студенчишко блато веќе има претрпено многу штета и дека од исклучителна важност е тоа да се ревитализира. Смета дека граѓаните недоволно се запознаени со неговото значење и дека на тоа исто така треба да се работи во иднина.


-Многу би помогнало доколку граѓаните и гостите знаат повеќе за ова блато, да се едуцираат, за што размислуваме тука да се отвори центар за посетители и да им се покаже на луѓето како функционира овој систем. Тој би имал и туристичка намена. Тоа е еден од начините за одржлив развој, односно за заштита на животната средина и екномска придобивка. - додаде д-р Ферхуфен.



Благодарение на заложбите на проф. Ферхуфен, Охрид беше избран за домаќин на годишниот конгрес на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми
за 2018 г. кој ќе биде организиран во соработка со Хидробиолошкиот завод и Охрид ЅОЅ.


Г.М.



на Светското друштво на научници за блатни екосистеми

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 46 гласови (15%)

Не - 261 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833