ОГЛАСИ

СЈО поднесе жалба на одлуката за притворот на Кочан

Вести | Македонија | 19.05.2017 11:13Посети : 214

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за неопределувањето мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан, дознава Макфакс. Сега Кривичниот совет на Судот треба да го преиспита решението на судијката Даниела Димовска, како судија на претходна постапка, која го пушти Кочан на слобода.



Судијката вчера одлучи на Кочан да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од околу еден милион евра. Рокот во кој Кривичниот совет треба да одлучи е 48 часа. Доколку ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка, тогаш таа е конечна.


Сеад Кочан се сомничи дека преку неговата фирма „Трансмет“, а заедно со фирмите „Силекс неметали“ и „Вато“ со фалсификувани документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. СЈО го води случајот под кодно име „Труст“.


OhridNews



извор Макфакс

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 46 гласови (15%)

Не - 261 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833