ОГЛАСИ

Матурантите танцуваа

Вести | Охрид | 19.05.2017 14:38Посети : 3890

Со изведба на познатиот штраусов танц квадрил, денеска на градскиот плоштад охридските матуранти од средните училишта во Охрид го одбележаа крајот на завршување на средното образование. Точно на пладне тие истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа.




Како што истакна професорката Соња Думбалова, под чие водство средношколците се подготвуваа за денешниот настан, од година во година охридските матуранти се подобро ги исполнуваат зацртаните норми кои се бараат за овој танц.


- Учествуваа околу  400 матуранти, работевме цел месец, интересот беше голем и затоа денес матурантите достојно не претставија, изјави професорката Думбалова.



Во име на матурантите, благодарност до професорката Думбалова искажа ученичката Поликсена Тунтева која потенцира дека денешниот настан за Охрид претставува празник на музиката, танцот и младоста.


- Ние знаеме колку напор и енергија вложивте за да го доживееме овој танц како дел од нас, дел од нашите срца и колку љубов вложивте во нас за нашиот прекрасен Охрид да ја продолжи оваа традиција. Од се срце Ви благодариме за вашата упорност. Многу генерации со години ќе ве паметат по овој несекојдневен и невообичаен подвиг, овој прекрасен музичко сценски момент кој ќе остане врежан во нашите сеќавања, рече Тунтева.



Директорката на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Славица Костоска на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака понатамошни успеси.


- Им посакувам успешно да ги поминат матурските испити и да ја прослават матурската вечер и во иднина да им се остварат сите желби, рече Костоска.





„Матурската парада 2017“ во Општина Охрид се организира по единаесети пат.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 468 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833