ОГЛАСИ

Тања Паскали Бунташеска: Реконструкцијата на споменикот на култура Али Пашина џамија да не се политизира

Вести | Охрид | 19.05.2017 16:12Посети : 3302

Рeконструкцијата на Али Пашината џамија во охридската чаршија, што изминативе денови е тема на разговор меѓу охриѓани, се изведува согласно закон и според строгите критериуми за заштита и конзервирање пропишани за еден споменик на културата, изјави на прес конференција директорката на Завод и Музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска. Таа ја презентираше целосната документација која претходела на отпочнување на конзерваторските работи кои се во тек, посочувајќи дека за истото е добиена соодветна дозвола од Управата за заштита на спомениците на културата.

-Последниве денови се изнесуваат многу невистини во врска со овој случај, кој за жал непотребно се политизира. Али Пашината џамија претставува споменик на културата уште од 1968 година.Согласно законот за заштита на културното наследство од 2005 година изработен е елаборат за ревалоризација на Алипашина џамија кој беше усвоен за прогласување на објектот за значајно културно наследство. Со ова решение пропишан е втор степен на заштита што подразбира заштита, реконструкција, санација, превентивна заштита и други мерки, како и реконструкција на девастирани делови и реконструкција на делови кои недостасуваат. Врз основа на ова изработен е проект за заштита, конзервација и реконструкција на оваа џамија, изработен од стручни лица, за што е добиено решение од Управата за заштита на културното наследство.-истакна Паскали Бунташеска.



Директорката на Завод и Музеј појасни дека џамијата во минатото несоодветно била реконструирана и доградувана при што биле уништени ентериерот и внатрешниот оригинален малтер. Завод и Музеј извршил истражување како изгледала автентично цамијата со цел да и биде вратен стариот лик.

-Проектот не се финансира со средства од буцетот и граѓаните туку е донација на директоратот на вакуфите од Турција. На ист начин како што добивме донација за реконструкција на црквата Св. Богородица Перивлепта, така добивме донација за реконструкција на Али Пашината џамија. Донаторот спроведе тендер и избра специјализирана фирма од Турција која ќе ги изведува градежните работи, а ние назначивме соодветен надзор кој ќе ги надгледува конзерваторско - реставраторски работи. Не се работи за градење на нова џамија туку за конзервација и реконструкција. Дури тоа што несоодветно е изградено, како што е тремот на џамијата се урива и истиот ќе се врати во првобитна состојба.  - рече Паскали Бунташеска.



Таа истакна дека ова не е прв објект од исламската култура во регионот кој се реконструира, набројувајќи дузина други меѓју кои конзервацијата на турбето на Плаошник, Воска амамот, џамијата во Струга и други.

-Дали се работи за верски објекти од исламска или од христијанска архитектура ние сме професионалци и треба да постапиме подеднаквио при конзервацијата на сите објекти и така постапуваме и многу ми е криво што овој случај непотребно добива политичка димензија, но јас одговорно тврдам дека тука нема никаква политика. - додаде Паскали Бунташеска.



Паскали Бунташеска посочи дека минарето на Али Пашината цамија ќе се реконструира и ќе биде високо 32 метри и дека тоа е согласно законот и проектот за реконструкција, појаснувајќи дека старото минаре било повисоко.

-Сеедно е дали се работи за камбанарија или за минаре ние постапуваме согласно законот. - рече Паскали Бунташеска. Таа појасни дека во седумдесеттите години од минатиот век при археолошки истражувања на тој простор била пронајдена базилика која е заштитена и не е доистражена. Истата не е под џамијата туку под околните објекти и останува во иднина да се доистражи. Запрашана дали некогаш на тој простор имало црква Паскали Бунташеска истакна дека сите џамии се градени над верски објекти но тоа било во 15 век.

-По кажувањата се знае дека под секоја џамија имало црква но тоа било во 15 век, што сега треба да ги уриваме сите џамии?-запраша Паскали Пунташеска.



Директорката на Завод и Музеј рече дека во летниот период ќе се вршат само конзерваторски работи на џамијата а рекоснтрукцијата која вклучува изградба на минаре ќе започне во септември до кога инвеститорот треба да обезеди соодветна дозвола за градба.


OhidNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1269 гласови (37%)

Не - 849 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1283 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833