ОГЛАСИ

Промовирана книгата „Копнеж сред соѕвездието“ од авторот Љубица Чифлигароска

Живот | Книга | 25.05.2017 13:34Посети : 1114

Во  просториите на О.У. Кочо Рацин по повод Денот на словенските просветител Св. Кирил и Методи се оджа промоција на книгата „Копнеж сред соѕвездието“ од авторот Љубица Чифлигароска. На промоцијата присуствуваа големи број ученици, родители, просветни работници и гости.


Книгата е печатена во печатницата “Коста Абраш“ во Охрид а нејзини рецензенти се Ивана Рилкова Тодева, Ванѓелко Лозаноски и Ленче Николоска. Како соработници се јавуваат професионалци од издавачката куќа „Љубители на литература, култура и наука  Св. Висарион“ од Демир Хисар, а промотори се Вангелко Лозаноски, Стојанче Колевски и Лидија Дочовска Павловска. Фрагменти од делото читаа учениците Василио Јовчески и Михаела Василевска.


Книгата содржи 16 приказни – слики од животот на авторката – пластично раскажани, со длабок емотивен набој и посебна нарација, што ќе ја разберете само доколку ја прочитате книгата. - рекоа рецензентите.


Во своето најново дело „Копнежи сред соѕвездието“ Чифлигароска решава да не „прошета“ низ неколку етапи од својот живот, а живот како живот знае да не вивне од среќа до облаците, а знае и да ни зададе удари и болки кои се чини засекогаш оставаат белег врз нас, беше истакнато на промоцијата. 


OhridNews






















Би се согласиле со констатацијата на авторката уште на самиот почеток на книгата дека „Спомените од детството се нешто најсвето во душата“ . И токму затоа со тие спомени го започнува раскажувањето.
А тие спомени се врзуваат за Белица родното село на авторката кое го споредува со „рајска убавина“.










Промоцијата на книгата ќе биде наскоро закажана и во таа пригода почитувани ќе можете најдиректно да се запознаете со нејзината содржина.










Во рубриката ВО ПОТРАГА ОД ТРАЈНАТА УБАВИНА за да ве заинтригираме ви нудиме на прочит само една од животните приказни на авторката Чифлигароска, која смело го предава своето минато на читателската
јавност.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833