ОГЛАСИ

Кан: „Златна палма“ за шведската драма „Плоштадот“ на Рубен Остлунд

Живот | Филм | 29.05.2017 15:08Посети : 854

Сатирата за светот на уметноста во која глумат Елизабет Мос, Доминик Вест и Тери Нотари, беше една од 19 филмови кои се натпреваруваа во официјалната конкуренција за најредното признание на 70 Кански филмски фестивал, јавува „Макфакс“.



Шведската драма „The Square“ ( „Плоштадот“)  во режија на Рубен Остлунд е добитник на „Златната палма“ на филмскиот фестивал во Кан, што заврши вчеравечер со објавата на главните награди.


Сатирата за светот на уметноста во која глумат Елизабет Мос, Доминик Вест и Тери Нотари, беше една од 19 филмови кои се натпреваруваа во официјалната конкуренција за најредното признание на 70. Кански филмски фестивал.


„Измамени“ на американската режисерка Софија Копола ја освои наградата за најдобра режија.


Актерот Жоакин Феникс е добитник на наградата за најдобра машка улога во филмот „Никогаш навистина не бевте тука“, на британската режисерка Лин Ремси која пак ја освои наградата за најдобро сценарио. Наградата за најдобро сценарио доби и „Убивањето на светиот елен“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос.
Дијане Кругер е добитничка на наградата за најдобра женска улога во филмот „ „Од никаде“ на турскиот режисер Фатих Акин.


Со жирито на фестивалот што годинава одбележа седум децении постоење преседаваше Педро Алмодовар.  


ОHridNews
извор: !Макфакс“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833