ОГЛАСИ

26 години "Beauty center Silvia", отсега во нов полуксузен простор и со нови третмани

Живот | Убавина | 02.06.2017 07:00Посети : 4664

Дваесет и шест години охриѓан(к)и грижата за својата убавина ја доверуваат на центарот за убавина „Силвија“, кој е меѓу првите во земјава. На 26-годишнината од постоењето "Beauty center Silvia" го промовираше новиот центар за убавина и комплетна нега на лице и тело, кој се наоѓа на улицата „Славеј Планина“, помеѓу гимназијата и Комерцијална банка. На роденденот и отворањето на новите простории на "Beauty center Silvia", синоќа, присуствуваа голем број гости, клиенти и пријатели. Тоа беше повод да поразговараме со сопственичката на центарот Силви Пејчиновска, која за OhridNews открива колку охриѓанки и охриѓани се грижат за убавината, какви се третмани добиваат во "Beauty center Silvia", кои се новитетите...


Кога започна приказната на "Beauty center Silvia"?


Силви: Салонот за убавина „Silvia“ е еден од првите пет кои се отворија во Македонија. Денес ја одбележуваме 26-годишнината од постоењето, а воедно и отворањето на новиот, поголем и полуксузен модерен центар за комплетна нега на лице и тело, кој на клиентите ќе им пружа современа услуга.




Колку охриѓани се негуваат, дали ве посетуваат припадници на посилниот пол, или само од понежниот?


Силви: Кај нас доаѓаат клиенти од најмала возраст до повозрасни, имаме клиенти кои се над 80-годишна возраст. Од пред десеттина години и припадниците на посилниот пол започнаа да се негуваат, што е навистина за пофалба.




Кои се' услуги ги нуди "Beauty center Silvia"?


Силви: Имаме четириесеттина различни видови на третмани за нега на лице, врат и деколте. Во консултација со клиентот и наша стручна препорака и секако во зависност од типот на кожата, возраста и проблемот кој го решаваме, го одбираме соодветниот третман.


Применуваме најразлични видови третмани за нега на тело од типот на препаративна козметика, а во комбинација користиме соодветна апаратура за постигнување на максимален ефект, како што се кавитација, радиофреквенција, ендодермна масажа...


Имаме и инфрацрвена сауна за детоксикација и опуштање која придонедува за намалување на околу 600 калории во сеанса. Погодна е за бронхит, астма, реума, болки во кичмата, релаксација по замор, намалување на целулит и друго.


Работиме и депилации со восок за една употреба, педикир, маникир, професионална шминка, светкава украсна тетоважа, а се разбира застапени се и масажите на тело. 




Имате ли новитети?


Силви: Посебно би сакала да ја истакнам најновата масажа на лице и скалп "SPECIAL THERAY AYURVEDA SHIRODARA", која ја воведуваме за прв пат во Македонија. Станува збор за индиска масажа стара 5000 години, која помага да се постигне рамнотежа на мислите, телото и духот.



По 26 години дали работите со иста енергија и љубов кон професијата?


Силви: Љубовта и желбата кон оваа работа не згаснува ниту по 26 години работење. Постојано професионално се надоградуваме, посетуваме специјализирани семинари, ги следиме новитетите и продолжуваме понатаму со уште поголем елан во новоотворениот "Beauty center".


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1336 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833