ОГЛАСИ

Општество кое не знае да се радува: Навикнати ли сме само на порази?!

Отворена | Писма | 06.06.2017 17:30Посети : 3196

Последните седум секунди од ракометниот натпревар меѓу РК „Вардар“ и „Пари Сен Жермен“ ми беа едни од најдолгите, најстресните и највозбудливите во мојот живот. Душата ми дојде на место, дури откако се напив вода, 15 минути по победата на „Вардар“, бидејќи постам. По ифтар, со другар ми решивме да се приклучиме на прославата на победата на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Многу народ, сите насмеани, пеат за Вардар, во еден глас, ведри лица… Си велам, конечно, граѓанките и граѓаните слават на плоштад, а тоа да не е победа на некоја политичка партија на избори.


Меѓутоа, откако се расчисти гужвата и си разотидоа обичните фанови на „Вардар“, на плоштадот останаа „најтврдокорните“ навивачи „Комити“, од кои дел, кои во присуство на нивниот доскорашен лидер, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, пееја: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“…

Од славеничка и еуфорична атмосфера, набрзо ситуацијата стана напната и мирисаше на инциденти. Додека се движев кон Камениот Мост за да преминам на во моментот, „побезбедната“ територија во старата Скопска чаршија, пред споменикот на Гоце Делчев, забележав само двајца полицајци и десетина момчиња, маркирани со „Комити“ – маички, дуксери и качулки.

Но, не успеав ни да го поминам Камениот Мост, без инциденти! На самиот мост десетина Албанци (најверојатно, навивачи од групата „Шверцери“) почнаа да тепаат 2 – 3 момчиња од групата „Комити“. Со мојот другар, ги прашавме зошто ги тепаат и што се случува? Одговорот беше дека „Комитите“ дошле од другата страна на реката Вардар, за да ги провоцираат, и дека на поштадот ги пцујат и плукаат Албанците додека поминуваа(т).

На средината на Камениот Мост се собраа десетина млади лица, да не кажам деца, кои ги враќаа случајните минувачи назад во Чаршијата, бидејќи не било безбедно за нив да одат кон плоштадот „Македонија“. По само две минути, голема група „Комити“, со запалени факели тргнаа да се пресметаат со „Шверцерите“. Летаа камења и стаклени шишиња. Шверцерите, околу 20-30, се повлекоа на плоштадот „Филип Втори“, каде што ги чекаше засилување од поголема група.

При повлекувањето, еден од момчињата, забележувајќи ја мојата брада им рече на останатите: „Дајте, да се повлечеме, сега е Свет месец – Рамазан, не треба да правиме инциденти“. На тоа доби одговор: „Ако е Рамазан. Сега ако се повлечеме, ќе почнат и дома да ни доаѓаат и да не тепаат. Не смее никој да се повлече!“

Со другарот успеавме да се тргнеме од толпата и да заминеме во Чаршијата, каде што главна тема беше дека има инциденти на Камениот Мост, а помладите верници што излегуваа од џамија, веднаш се упатуваа кон некогашната стоковна куќа „Мост“.

Додека бев на самото место, полиција немаше! Подоцна, интервенираа специјалците. Но, зошто МВР дозволи да дојде до инциденти? МВР требаше да процени дека постои можност за инциденти! Дали и со нова Влада и нов министер за внатрешни работи, уште има стари навики?

Тажно е што сè уште сме општество кое не знае да се радува! Навикнати ли сме само на порази! Наместо прослава и зближување на сите, без разлика на етничката, верската, половата, родовата, навивачката припадност, ние сè уште не сме дораснати, се делиме на наши и на нивни… Но, како и да „пораснеме“, кога во одредени медуими има наслови кои потикнуваат омраза, нели, Груевски навивал за „Вардар“ (оти нели, тој е патриот), а Заев навивал за „Шкендија“, (оти нели тој е предавник – навивал за „албански клуб“).

Утре ќе има сенародна прослава и дочек на ракометарите на европскиот шампион РК „Вардар“.

Верувам дека МВР ќе биде на висина на задачата, и секој што ќе се обиде да направи било какви инциденти ќе биде соодветно санкциониран.

Време е навивачите да ги закопаат секирите и да си подадат рака за фер и спортско однесување и навивање. Време е да можеме и ние обичните смртници, да уживаме во успесите на нашите омилени тимови!


Пишува: Дехран Муратов 
иввор: Цивил медиа

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833