ОГЛАСИ

Колумна: „Се надевам дека парламентот ќе ми го поддржиТ“

Отворена | Колумни | 12.06.2017 07:00Посети : 3233

Мирен бре мирен. Не туку се треси, не туку потскокви, не туку фрлај со копитото ко Блага на микрофон. Ќе ти објаснам само биди трпелив да му се пљукнам. Бар ние нсрм-ОВЦИВЕ важиме за трпелив народ. Трај малку тука. Не бадијала секој втор од нас е Трпе и Трајче.


Вака значи. Гледам денојве милијарда предлози до Зајко ама да ти кажам ниеден не ми е издржан. Нити поддржан. Од ко ќе ти го образложам и тебе и на собраниево на НСРМ сигурен сум дека и ти и сите пратеници ќе ми го поддржите.


Значи....Гледам дека ништо немат од та владата во сенка шо сакаше да ја формират Мирка како коректор на власта. Ваљда уште немат нешто. Незнам. Е наместо нејзе предлагам да се напрајт влада и цело собрание од оние шо се јавувет на утрински програми по сите телевизии. Луѓето вакви такви, докљакани, доодени, заседани по троседите ама бре мајку му све знает. Не постојт ниетна стручна тема на која не знает да дискутирет и да предложет некое решение.


Имет широка лепезa на стручни познавања од секоја проблематика, медицина, економија, рударство , гинекологија, политички науки и други науки. Да им се дајт собрание простории за влада и обавезно да имат собраниски пренос. Да бато. Немат мрдање. Нека зборвет нека таталикет колку им душа сакат, само да не заборајме со исклучени микрофони да се. А тие нека пискет колку сакет, како оро на свадба без музика.


Најубо. Стручни се бре стручни. Еве еден саботата се јави и зборвеше дека не се согласвит екс пратениците да ги следвит АПАСАЖА. Друг кажа дека големиот успех на Вардар е заслуга на бившата влада и зато тие го победиле ПАРИМЕНМЕНМЕН. Молим лепо. Забелешки, замерки и решенија, образложенија, точни, лаконски, јасни и на место.


Одма овај предлог да се ковертират и да се пратит кај Зајко и одма да се донесит промена и на Уставот на НСРМ за да им се овозможит на овие стручњаци да придонесат кон наша побрза НАТО-изација и ЕВРО-изација, а ако имат потреба и други било какви изации. Вервам дека Зоки ќе ми го прифатит предлогот и дека и ти и сите пратеници ќе ми го поддржите. Мада види. Малку прајминистерот ми е недифиран нешто. Рече убај работи само да не поречит. Зато требит да се држит под притисок како шо го држит една опозициска партија денојве, да не спомвам која незгодно ми е. Е излезе еден од та партија и го праша јасно и гласно: “Ар кај се тие 500 км патишта шо ги вети?А?М?“


И јас ќе прашам. Ар? А?М? Ги вети чоече. Па скоро цела недела си на власт а ти немаш напраено ни 100 км. Ам уш 400 кога? А?М? З`ш прво требит да ископаш бар 700 км шо ги напраја предходниве за ти да ги напрајш твојте. Убо прашање, на место прашање ти постави овај овец. Да не спомвам партија. Од сите партии се овци, СДСМ-овци, ВМРО-овци, ДУИ-овци и така.


Тук одговори де. Кај се? Јас да бев ќе го прашав уште по суптилни прашања да незнајт шо да ми одговорит. На пример: кога мислиш НСРМ да претседават со ЕУ? Зш до сега за ова недела на власт шо си, требеше и да го решиме името и да влезиме сегде и од ова среда или другиот петок да сме газди на ЕУ. Ак не на НАТО. Ам така де. Не ќе ќутиме морат да прашаме шо имат сработено за цела една недела.


А не тој со Зврлета ми се занимават чоекот. Па шо толку бре ви сметат чоекот? Се прајте фраери шо сјебал неколку милијарди еври? Шо оддржал само една прес конференција? Крив бил во случајот на Македонска Банка, за Актор......и да е крив за неколкуцка милјарди еври се малтретирало чоек? Ам и тој е душа. Мада тврдам дека не е крив. Ко ќе станит е испраен ко пушка. Како крив? А шон кажите, шон го пофалите каква чест му напрај на Кока Колана шо беше на ромскиот бал со Мијалко? А?М? Или за вакви потези на Зврлета шо се стратешки значајни за НСРМ не ви се зборвит.
Срам да ви е. Ам тој не е гласноговорник на ЛГТБ па нон стоп да се пучит пред камери. Како не сфатите дека чоекот е нивен...пардон....јавен обвинители. Па од вашите напади коса му се крена. Мрсен шетат нон стоп.


ЏИМИ


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1154 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833