ОГЛАСИ

„Борба за смрт“ на Филмскиот фестивал во Пула

Живот | Филм | 15.06.2017 09:10Посети : 1292

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ на авторката Елеонора Венинова на покана на организаторот ќе учествува на Филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, кој ќе се одржи во Пула од 15-22 јули. Филмот е во официјална конкуренција во селекцијата за кратки филмови со уште 18 филмови од целиот свет.



Филмскиот фестивал во Пула е еден од најпрестижните регионални фестивали, а на неговото 64-то издание ќе бидат прикажани стотина филмови во неколку натпреварувачки категории. Пред учеството во Пула, „Борба за смрт“ ќе биде прикажан и на Балкан Филм Фуд фестивал во Поградец, Албанија на почетокот на јули. Во јуни филмот беше прикажан и во Париз на фестивалот за филмови од југоисточна Европа, СЕЕ филм фест.


Воедно, ова е продолжување на фестивалските успеси од претходната година, кога  „Борба за смрт“ освои две награди, „Златна мачка“ за втор најдобар филм во меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција и награда за Најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција. „Борба за смрт“ досега учествуваше на над дваесет фестивали ширум светот, вклучувајќи голем број на фестивали кои се квалификациски за БАФТА, Оскар и Европските филмски награди. 


Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимааше минатото лето во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се наградуваната македонска филмска авторка Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ филмс. Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм во соработка со Канал 5 телевизија.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833