ОГЛАСИ

Колумна: „Мадето и јајникот“

Отворена | Колумни | 19.06.2017 07:00Посети : 2574

Миреееен. Мирен бре. Ќе ти објаснам ама прво да си ги слушнам овие рекламиве на Топ Шоп-ов да се излечам да се спасам: “ Стави го појасот на Др.Левин и вашата полојна ќе станит цела. За само 790 денари болката ќе исчезне и почвиш да цепиш дрва како сингерица за 120 денари. Ем здравје ем хонорар....“. Морам да го земам ова за дедо Ѓеле.....шшшшш чекај бре:“Рињуууу душек. Вашата баба која е свиткана како кол бурек со само две спиења ќе се испрајт како весло и на свадбата на правнукот ќе го пичит пајдушкото.....“. Мореее шо не имат ц ц ц ц. Убајна...чек уште ова: “Дали ви се познати личности како ова моме. Тоа не е моме ами тоа е 90 годишната г-ѓа Лима. Оваа вештица абер немаше да проодит. Со само неколку капки полжавов мрсуљ, здробеното десно колено оздраве, а левото колено го немаше зш и беше ампутирана ногата. Со мрсуљот и се регенирира левото и тоаааа за само 4 и пол со си стапало....еве ја сега се спрема за олимпијада за 400 метри со пречки.....“  Пааааа убајна. Море со вакви производи немојш да умриш. И да си го жакниш ножот в грло, ќе те намачкет со некој мрсуљ од полжав или балгам од некој шкорпија и опаа нов врат. Убајна.


Значи вака. Извини шо почека. Не ме нервирај не скокај не палардисви морат да ја крениме цената за паркинг во Охрид за летниов период. Немат друго чаре. Висината на цената е правопропорцијалнa со понудените услуги. Како ам. И то мислам дека 50 денари е малку за она шо ти го пружет оние шо ти го пружет то. Паркираш и те пречеквит маче во топлес. Ти тргвиш да излезиш та те враќат назад и од задно седиште те масират во вратчето.


Па кафе, па соленки, па седвит на совозачко и дур грицкаш ти, та се навалвит и........грицкат. За то време идат машина и ти ја мијат колата, те бричит и ојт дома ти варосвит. На враќање врвит преку “Паб Даблин“ земат пивце, од “Долче Вита“ пастрмајлија и дур ти стегаш, дур она те стегат, те цедит како бубуљица опааааа кратка визита “Екошпар“ и опаааа пелетите спремни дури од сега за зимата. Зато не какај. Криво седи , ама молим те право право зборви. Издржано, паметно. Абре прво печи па после речи.


Еве ко новава влада. За многу кратко време најде у ком грму лежи зец. Еееејјјј да не сме ти знаеле дека еднао КА плус мојт да ти го заебит животот. Значи....ако си професоР земвиш 30 000 денари плата, ако си професорКА земвиш 25 000. А неее молимте не вреѓај. Така рекоа пред некој дена на телевизија, дека жените во многу работи биле обесправени и меѓу другото земвеле помалку плата од мажиштата.


И сега владата ќе се зафатела со средвење на ваква дискриминација на жените. И не само ова. Ами работела на две места и на работа и дома. На работа земвеле ептем ниска плата, а за работата дома ич. Па пороѓаји одела, па деца гледање, па шо уште не. И да. Да се средит. Морат. Морат да им се помогнит на дискриминираните наши мили мачни женички. Кај не дават дискриминиратите албанци нека не дупат и жените. А? Некако да им се олеснит животот и да им се дајт некаква сатисфакција за то шо се расчепатвеле, шо се чалеле.


Како прво одма да се пристапит кон процесот на наденвење на орден. Секој маж да си земит обврска на првиот роденден шо следвит, да си набавит соодветен орден и на прославата да им го наденит. Ова, а и другите предлози да си влезет во сите членој, алинеи и леи во новито закон „Закон за рехабилитација, сатисфакција и наденвење на жените“.


Така ами како. Но морат и нас мажите малку да ни се помогнит. Исто со закон. Чим дојт до изедначување на мажите и жените, да се донесит закон баш за то “Закон за изедначвење на жените и мажите“. Во посебен член , ова најмногу ме прајт дискриминиран, да стојт: “се збаранува употребата на “зборот“, маде, поточно во множина “мадиња“ и да се исфрли од македоонскиот речник за секаква употреба освен за медицински цели. Пр: за да народот се спротистави на политичарите и еднаш за секогаш да им кажат дека е доста шо не дупат во здрав мозок, потребно е да се имат “мадиња“. Зборот мадиња да се заменит со “едно маде и еден јајник“, така да би дошло “.....потребно е да се имат маде и јајник“....


Како ам. Чим се изедначвиме да се изедначиме во све.


И то овај закон морат да се гласат со 2/3 мнозинтсво з`ш баш јако ме инстересират ко ќе гласет да видам во парламентот кој имет мадиња, кој јајници.


ЏИМИ


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1239 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833