ОГЛАСИ

Ремек делото „LA SUPERBA“ пристигна во Македонија

Живот | Книга | 19.06.2017 12:29Посети : 1579

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „La Superba“ од холандскиот писател Илја Леонард Фајфер. Романот е едно од најнаградуваните холандски книжевни дела. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.


Оваа книга е дело на еден од најважните современи европски писатели, кој решава да му напише љубовно писмо не на градот во кој е роден туку на италијанскиот град во кој живее. Џенова е наречен La Superba поради својата убавина и богата историја. Главниот херој, во кого препознаваме црти на самиот автор, ја истражува дивата страна на овој мистериозен и егзотичен град, полн со лавиринти и магија. Сè почнува со глетката на една женска нога, која го фрла раскажувачот во потрагата „по најубавата девојка во Џенова“, потрага што ќе го води низ улиците на проститутките, мигрантските засолништа, пристаништата, баровите полни морнари.

„La Superba“ е ремек-дело на Фајфер, громогласно фалено со самото објавување во 2013 година, кога ги добило наградите „Либрис“, најпрестижната литературна награда во Холандија, и „Цум“, наградата „за најубава реченица напишана на холандски јазик“.

Оваа книга е како џебно издание на „Пеколот“ на Данте, напишана од автор што ужива да оди во крајности, вистински мајстор на јазикот и на раскажувањето. „Да одлучеше Итало Калвино да направи еден од своите невидливи градови видлив, резултатот би можел да наликува на Фајферовата Џенова“, пишува за романот критичарот Бенџамин Мозер.

Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд.

Илја Леонард Фајфер (1968) е холандски писател. Пишува поезија, драми, есеи, колумни, репортажи, раскази, политичка сатира и романи во стилот на Рабле. Половина од критичарите го сметаат за гениј, а другата половина за ретро-стилист. Неговата последнообјавена поетска збирка е првата книга поезија што некогаш ги освоила трите најголеми поетски награди во Холандија. Од 2008 година живее во Џенова, Италија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833