ОГЛАСИ

На аеродромот во Охрид пристигна првиот чартер со туристи од Полска

Вести | Охрид | 22.06.2017 13:16Посети : 5955

Со чартер лет од Катовице на авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“, а во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“, денеска на аеродромот „Св „Апостол Павле“ пристигна првата група туристи од Полска. Овој лет во текот на летната сезона ќе се реализира еднаш неделно што ќе придонесе за зголемување на бројот на полски туристи на охридската ривиера кои ги има се повеќе во изминатите неколку години.




- Денеска сме тука да им посакаме добредојде на 220 туристи од Полска кои верувам ќе уживаат во културното и природното богатство на Македонија и со себе ќе понесат добри импресии, што ќе придонесе во иднина да имаме повеќе туристи од Полска. -истакна генералниот менаџер на аеродрмомите Тав Алпер Ерсој.




Покрај од Катовице, се планира воведување на чартер лет и од главниот град на Полска Варшава, најави Габриела Менка Сокулу, генерален менаџер на туроператорот „Рего-бис“


-Благодарение на воспоставената соработка преку 5000 полски туристи ова лето ќе ја посетат Македонија. Околу 3000 ќе допатуваат со авион, а останатите со комфорни автобуси на секои десет дена. Mакедонија се уште е неоткриена дестинација за полските туристи. Се надевам дека со ваша поддршка добро ќе ја завршиме работата и догодина ќе допатуваат повеќе туристи од Полска. - рече Габриела Менка Сокулу.




Домашната агенција „Фибула“ која е партнер на „Рего-бис“, се надева дека денешниот настан е само почеток на една успешна соработка помеѓу Македонија и Полска во областа на туризмот.


-Ќе се потрудиме полските туристи да добијат добра претстава за можностите кои ги нуди Македонија. Предвидена е посета не само на Охрид и Струга, туку и на другите убавини кои ги има нашата земја. - рече Асим Меѓедовиќ од ТА „Фибула“.




На пристигнувањето на првиот чартер авион од Катовице во Охрид присуствуваше и новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески кој најави поддршка за туризмот.


-Нашата заложба како влада е да го унапредиме авио сообраќајот да можат што повеќе туристи да дојдат во Република Македонија и ја поздравувам одлуката на полскиот туроператор да го одбере Охрид за дестинација кон која ќе реализира туристички чартер летови. - истакна министерот Сугарески. Тој додаде дека секоја одлука која е добра за туризмот и туроператорите новата влада ќе ја поддржи, најавувајќи дека се подготвува прес конференција на која ќе бидат изнесени детали за реализацијата на програмата за субвенционирање за која, како што рече, има многу шпекулации.



Покрај чартер летовите од Полска, на охридскиот аеродром за време на летната сезона ќе сообраќаат и сезонски летови од Холандија, Белгија, Израел и Србија, како и редовните линии од Лондон, Базел и Цирих со „Визер“ и „Германиа Флуг“.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833