ОГЛАСИ

Протест на дел од работниците ангажирани на автопатот Охрид - Кичево

Вести | Охрид | 22.06.2017 14:09Посети : 4806

Стотина работници од Маакедонија ангажирани од подизведувачот на автопатот „Викторија инвест“ од Албанија, утрово излегоа на протест незадоволни од тоа што не примиле плата во договорениот рок, но и поради непочитување на договорите за работа.



-Плата требаше да земеме до 15, 16-ти јуни, но нема ништо. Наскоро ќе треба да ни се исплати и следната плата. Тоа е причината што веќе трет ден не работиме и најавуваме дека тоа ќе остане така се додека не ни бидат исплатени примањата. - изјави работник.



-Не се почитуваат ниту договорите за работа кои ги потпишуваме месец за месец. Речиси редовно ни се крати од платата без никакво образложение зошто се прави тоа. Бараме да се почитува законот, а за случајот ги известивме надлежните институции. - додаде друг работник. 



Незадоволните работници велат дека засега немаат добиено информација од компанијата зошто не им се исплатени платите. Бараат од надлежните институции и одговорните во старата и новата влада да објаснат што се случува со автопатот и да преземат мерки за заштита на работниците.




Oд компанијата засега нема официјален став во врска со настанатата ситуација.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1236 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833