ОГЛАСИ

Сугарески: Има сериозни проблеми со изградбата на автопатот Охрид - Кичево

Вести | Охрид | 22.06.2017 14:33Посети : 2945

Проблемите со изградбата на автопатот Охрид - Кичево се сериозни изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Додаде дека се прават напори да се одблокира застојот на градежните работи со цел да се запазат роковите за изградба на започнатите кои делумно се пробиени.



-Навистина има проблеми кои се посочени и во извештајот од Агенцијата за државни патишта. Најголем дел се однесуваат на проектната документација која не соодветствува со реалноста која е на терен, имаме нестабилност на косините, имаме сериозна бројка на електро - енергетски објекти кои треба да се дислоцираат, имаме проблеми со експропријација. Правиме се што е во наша моќ дел од овие проблеми да отстраниме да се одблокира застојот во изградбата на автопатот се со цел колку толку да ги запазиме роковите, имајќи предвид дека рокот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип истече на први мај. Граѓаните одвоиле огромни суми на пари, а интерес за овие случаи пројави и СЈО. Ние како влада презедовме обврска автопатите Охрид - Кичево и Милафиновци - Штип, како и Смоквица - Демир Капија ги завршиме до крај и тоа ќе биде така. - изјави во Охрид министарот Сугарески.


Неофицијално изградбата на автопатот Охрид - Кичево, покрај тоа што ќе го пробие рокот (февруари 2018г.), ќе чини многу повеќе од предвидената сума од 374 милиони евра. Изведувач на автопатот е кинеската компанија „Синохидро“ со подизведувачи од Македонија, а средствата се обезбедени со кредит од Кина.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1162 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833