ОГЛАСИ

Тунтев: Новата Влада започнува ревизија на сите проекти кои се опасност по охридското подрачје

Вести | Охрид | 22.06.2017 17:27Посети : 4741

Новата Влада ќе изврши комплетна ревизија на сите тие проекти кои од еколошки аспект претставуваа опасност за охридското подрачје и изработка на сериозни студии од страна на сериозни куќи во однос на импактот врз животната средина, најави координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, кој е член на неформална пратеничка група „Пријатели на Охрид под УНЕСКО“.


-Приоритет на сите надлежни институции мора да биде спроведувањето препораките на реактивната мисија на УНЕСКО која пред два и пол месеци беше во Охрид и изврши надзор и ги даде своите препораки до Комитетот. Врз основа на тоа, Комитетот даде препораки до надлежните институции и сега министерот за култура, затоа што најголем дел Заводот за заштита на културното наследство е во рамките на министерството, веќе даде задача сите надлежни институции да пристапат сериозно кон исполнување на сопствените обврски, за во наредните две години, во целост да бидат исполнети препораките на Комитетот за заштита на културното и природно наследство при УНЕСКО и на тој начин да ја избегнеме реалната потенцијална опасност охридското подрачје да се најде на листата заштитени подрчја под УНЕСКО во опасност. - рече Тунтев.



Тој истакна дека неформалната пратеничка група „Пријатели на Охрид под УНЕСКО“, на овој начин сака да ги охрабри сите надлежни инстуции и да им каже дека во Собранието ќе имаат голема поддршка. Доказ за тоа беше вчерашниот настан кога Собранието на Р.Македонија ги овори вратите за невладините организации, каде што барањата, мислите, чувствата на преку 7000 на граѓани и туристи од странство ги имаа изразено на над 7000 картички во однос на нивната сериозна загриженост за можноста да се загрози природното и културното наследство, додаде Тунтев. 


-На тој начин и нашата пратеничка група и сите формални пратенички групи кои сакаат да помогнат и кои се волни да учествуваат во сите проекти кои се во конотација за заштита на Охридскиот регион, покажаа отвореност кон невалдините организации и граѓанството и на тој начин ќе продолжиме и во иднина. Ние како пратеничка група на СДСМ и на коалицијата, но и како неформална пратеничка група Пријатели на Охрид под УНЕСКО, остануваме отворени за соработка во оној сегмент да ги излобираме сите активност кои ќе одат исклучиво во заштита на нашето природно и културно наследство кај нашите политички партии и групации и кај извршната власт. Јас се надевам дека ова неформална група ќе е само пример за успешна соработка помеѓу пратениците како индивидуи, како име и презиме со сите наши чувства, со сите наши емоции. Јас сум од Охрид и не можам инаку да размислувам за сопствениот град и нашето најголемо природно богатсво Охридското езеро, затоа што Охрид и Охридското езеро не им припаѓаат само на охриѓани, туку им припаѓаат на цела Македонија и на целиот свет. И во таа насока, ве охрабрувам и вас новинарите и целата јавност, да извршиме притисок врз сите релевантни извршни институции кога е во прашање заштитата на нашето природно и културно наследство. - изјави на прес конференцијата пратеникот Томислав Тунтев.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833