ОГЛАСИ

Прибе во Охрид: Немам порака за политичарите, тука сум да зборувам за значењето на интеграцијата во ЕУ

Вести | Охрид | 23.06.2017 12:06Посети : 1352

Не носам политички пораки, овој пат сум тука да дискутирам со студентите за интеграцијата на земјата во Европската унија. Ова на новинарите утрово им го изјави искусниот дипломат од кариера Рајнхард Прибе, изготвувач на извештајот за Македонија кој треба да биде основа за реформите кои земјата ќе ја приближат до ЕУ, пред обраќањето пред учесниците на школата за природно право во куќата на Уранија во Охрид. Посочи дека не е дојден во политичка мисија туку да се сретне и да поразговара со младите магистри и доктори по право и политилки науки за демократските предизвици на земјата, функционирањето и вредностите на ЕУ. 


-Немам конкретни пораки, ниту политички пораки, се надевам дека ќе имаме отворена дискусија со учесните на школата. Од академска гледна точка ќе се обидам да објаснам што значи интеграцијата во Европската унија, да помогнам тоа подобро да биде сфатено и се надевам ќе имаме добра дискусија.- изјави Прибе, чие предавање новинарите немаа можност да го чујат. 




Прибе идната недела во Скопје ќе има средби со владини претставници за акцискиот план а спроведување на реформите. Тој во неговиот извештај, кој е составен дел од договорот во Пржино, ги нотира забелешките за институциите на системот за кои и домашната стручна јавност е согласна дека треба да се реформираат. 


-Мора да се направи темелна ревизија на најголемиот дел на законодавната рамка и дефинитивно поголемата реформа треба да биде реформирање на институциите. Во Македонија треба да почнат радикални реформи кои ќе значат правна држава, владеење на правото и она што значи почитување на човековите слободи и права. - истакна Никола Тупанчески - универзитетски професор.



Учесниците на охридската правна школа, што ја организира МАНУ, се студенти од правните факултети во земјава, кои покрај можноста да слушаат предавања од еминентни стручњаци од земјава и странство, ќе се стекнат со лиценци и искуство кое треба да им помогне во градењето на идната кариера.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833