ОГЛАСИ

Кривични пријави за пет лица кои се обиделе да транспортираат дрога преку езерото

Вести | Охрид | 23.06.2017 12:03Посети : 4750

Криминалистичката полиција при СВР Охрид поднесе кривични пријави против пет лица, еден албански и четворица македонски државјани, во врска со неколку организирани акции од почетокот на годината до денес, при што се пронајдени и одзмемени вкупно 164 килограми опојна дрога марихуана.



- Според наводите во поднесените пријави, пријавените лица  извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога мариухана по воден пат, односно транспорт преку водите на Охридско Езеро. Нивните намери биле натамошна препродажба на опојната дрога на подрачјето и пошироко во Република Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Димоски додава дека посочените акции за сузбивање на наркокриминалитетот биле изведени крајно професионално и во беспрекорна координација на криминалистичката полиција и другите организационите единици на СВР Охрид со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.


OhridNews 


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833