ОГЛАСИ

Катица Јанева: Идната недела СЈО ќе отвори нови предмети

Вести | Охрид | 23.06.2017 12:33Посети : 1952

СЈО останува на ставот дека рокот за работа на оваа институција треба да биде продолжен, изјави денеска во Охрид специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е еден од предавачите на Школата за природно право што се одржува во куќата на Уранија.


-Мандатот на СЈО е пет години, односно 4 години со право на продолжување за уште една година. Ние имаме мандат да работиме, ќе ја продолжиме нашата мисија да ги обработиме сите разговори, а што се однесува до рокот за поднесување на обвиненија тоа е дискутабилна тема. Јас се надевам дека ќе се изнајде решение во брз рок, а очекувајте дека и во идниот период ќе отвараме истраги за други прислушкувани разговори каде има индиции за криминал. - изјави Јанева.



Специјалната јавна обвинителка посочи дека до овој момент 12 проценти од прислушкуваните материјали се само напишани односно заедно со нив вкупно 45 проценти се во обработка, додека 55 проценти не се обработени.


-Тука има многу новинари, има прислушкувани разговори на многу јазици и тој дел се уште не сме почнале да го разгледуваме, а ќе го направиме тоа после 15 септември. - истакна Јанева.


Таа најави дека СЈО наредната недела ќе отвори нови предмети изразувајќи надеж дека судот ќе постапи по нив и ќе ги потврди обвиненијата кои ќе треба да се докажат во судница. Посочи дека предметите кои во моментов се работат произлегуваат од прислушкуваните разговори и дека предмет на пријавите кои се подготвуваат се граѓани на Република Македонија, од кои дел се познати личности.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1394 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833