ОГЛАСИ

Алаѓозоски: Ќе има сериозна ревизија на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник

Вести | Охрид | 24.06.2017 18:22Посети : 3553

Ревизија на проектот за возобновувањена на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник кој е во фаза на изградба, најави новиот министер за култура Роберт Алаѓозоски. 

- Во ребалансот на буџетот ќе има одредени зафати за Плаошник, сериозно му пристапуваме на проблемот, наскоро тим на министерството за култура ќе учествува на конференцијата на УНЕСКО во Краков такашто ќе се фатиме сериозно летово и со ова прашање.- рече Алаѓозоски. 



Ревизија на отпочнатите градби на Плаошник, но и на другите најавени проекти од претходната влада во охридскиот регион најави и неодамна формираната неформална група пратеници „Пријатели на Охрид под УНЕСКО“. Според неа приоритет на новата влада треба да биде имплементација на забелешките на светската организација, која на сесијата одржана минатата година во Истанбул предупреди дека Охрид може да се најде на листата на загрозени подрачја. 



Како што изјави денеска во Охрид министерот Алаѓозоски, засега нема да бидат преземени никакви активности во врска со проектот Скопје 2014 се додека не биде направена целосна анализа која ќе се темели на меѓународна експертиза. Тој посочи дека во моментов државата има поголеми приоритети од Скопје 2014, посочувајќи дека судбината на проектот ќе биде позната откако тој целосно ќе биде ревидиран. 


- Во овој момент финансиската кондиција на земјата е очајна, а економскиот живот на граѓаните се одвива на работ на сиромаштијата такашто приоритет нема да биде разместувањето или рефасадирањето на споменици од Скопје 2014. - додаде Алаѓозоски. 


Aлаѓозоски најави дека на јавноста ќе и бидат предочени сите информации во врска со чинењето и квалитетот на градбата на спомениците од проектот Скопје 2014.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833