ОГЛАСИ

Oтворена ликовната колонија „Вевчански видувања“

Култура | Македонија | 25.06.2017 12:40Посети : 1293

Со огномет и кнцерт на познатата хрватска пејачка Тереза Кесовија, вчера вечер во ресторанот „Виа игнација“ беше отворена осмата меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“



На колонијата година учествуваат триесеттина познати уметници од земјава и светот кои инспирацијата за своите ликовни дела ќе ја црпат од недопрената природа и архаичниот амбиент на Вевчани.


-Јас во своите дела правам спој на современоста и традицијата, а овде во Вевчани баш тоа го има. Сите ги спомнуваат прекрасните извори и убавата природа која ќе не инспирира во наредните десет дена.- изјави ликовниот уметник Божидар Дамјаноски, кој живее и твори во Белград, а на колонијата учествува по прв пат.



Ликовната колонија „Вевчански видувања“ во изминатите години прерасна во респектабилна културна манифестација, чиј квалитет е препознаен во светски рамки, за што несомнено голема заслуга има организаторот и мецена Ѓорѓи Угриноски истакна ликовниот уметник Живко Поповски Цветин, кој шести пат е на колонијата.


-Ликовната уметност што ќе се презентира деновиве од уметници од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Грција, Русија, Франција, Египет и други, ќе зрачи низ нашите простори, а верувам дека таа ќе се пренесува во светот преку изложбите што се организираат секоја година. - рече ликовниот уметник Живко Поповски Цветин.



Најдобрите дела насликани од учесниците на колонијата, минатата година во април беа изложени во „МЦ Галлерѕ“ во Њујорк, САД, а оваа година изложбата ја посети Москва каде ликовните дела беа изложени во Универзитетот за уметност и дизајн.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833