ОГЛАСИ

Претседателот Иванов со честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Вести | Македонија | 25.06.2017 13:39Посети : 318

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод празникот Рамазан-бајрам, стои во честитката од претседателот Ѓорѓе Иванов упатена до Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.



- Рамазан-бајрам е еден од двата најзначајни исламски празника. Тој го означува крајот на едномесечниот пост и го слави духовното и телесното прочистување. Следните три дена, светиот месец ќе се слави во кругот на семејството и блиските. Овој месец е познат и како месец на добрина, милост, солидарност и простување; мисли и заложби на сите нас подеднакво, бидејќи воздржаноста од лошите мисли и духовното воздигнување се универзални човечки вредности. Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба, љубов и бериќет, с енаведува во честитката на претседателот Иванов.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833