ОГЛАСИ

Фото+ видео: Настап за паметење на безвременската Тереза Кесовија во „Виа игнација“

Занимливости | Македонија | 25.06.2017 14:10Посети : 4732

Кралицата на шансоните Тереза Кесовија, синоќа во ресторанот „Виа игнација“ во Вевчани одржа незаборавен концерт во рамки на отворањето на ликовната колонија „Вевчански видувања“.



Тереза со своите песни ја врати децении наназад во времето публиката, која заедно со неа ги пееше популарните рефрени од „Пријатељи стари гдје сте“; „Добри мој Ноно“; „На Страдуну“ и други.



Иако е на прагот на деветтата деценија од животот Тереза Кесовија имаше енерчиген настап од час и половина пренесувајќи ја сета нејзина позитивна енергија на присутните, која едноставно зрачи од неа. 



„Никогаш во мојата кариера не сум настапила во ваков амбиент и овој концерт ќе го паметам. Сакајте се и чувајте се луѓе!“ - со многу емоции ги искажа своите чувства за настапот во Вевчани Тереза Кесовија. 




Тереза од домаќините доби Вевчански пасош, а по завршување на настапот таа издвои време за обожавателите на кои им ги потпишуваше нејзиното најново цеде и биографската книга „Тереза“. 



Организацијата на настанот беше беспрекорна, а атмосферата во „Виа игнација“ прекрасна, за што се погрижија и академските уметници Алмир и Викторија кои изведоа преработки на познати песни. 


Фото галерија:














Настап за паметење на безвременската Тереза Кесовија во „Виа игнација“


Г.М.
фото: „Мега продукција“


Разговор со Тереза Кесовија: На светот му треба повеќе љубов, разбирање и толеранција

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833