ОГЛАСИ

Колумна: Пуштен експресниот автобан Охрид-Виница-Кичево

Отворена | Колумни | 26.06.2017 10:17Посети : 5959

Е добро аман кај ф`тнав кај се бутурусав да му се пљукнам и на патот и на GPS-ов и на све. Ар не еднуш сум одел од Охрид за Скопје, сум се потуцавал по дупки, по и немав промашено, а не сега кај што е писта кај што е мазен асфалтов ко газе од манекенка. Незнам веќе шо да речам. Не сум смотан, загулен во возењево. Не сум јас чистокрвен скопјанец од Македонска Каменица па вака да промашам.


Знам излегвам од Подмоље, се приклучвам на експресниов автопат Охрид – Кичево, продолжвам преку Зајас, Длапкин Дол, па Стража. Убо си пишеше Подмоље на таблана. И то застанав пред да се вклучам на експресниов читав не сум ќор. Си пишеше: Охрид – Кичево 35 километри. Имат 7 тунели, 22 надвожњаци, 14 подвожњаци, 31 вијадукт, 0 кривини. Објаснато ко на слепец. А од кај излезе ова таблава сега, од кај излезе ова Виница да ме убиеш појма неам. И то Виница стигнав, а Кичево не поминав. Дан напрајв јанглаш? Незнам. 


Страшна работа. А и ова апаратчево да ти се прднам во него не оту кажа нешто. На чист македонски јазик ми зборвеше цело време: “Сада пратите експресног аутопут следечих 35 километара и фтасачете Кичевима“. Матере ми. И јас пратио пратио прошо 200 километара стап сам стигао Кичевима. Јас незнам шо ќе беше ова. Некој овде имат јанглаш напраено. Ама кој појма неам. Мада чив сакат нека е јанглашот морат да се испрајт. 


Исто ко шо морат да се испрајт јанглашот со источниве комши. Бугариве. И да се испрајт. Пред све з`ш ние им сме запад. Немојт вака во историја кој шо сакал пишел, траскал, напрајл кашкајнца со историјава. Ако некој некогаш ја мразел Бугарија и бугариве и за инает пишел глупости ние денес си се сакаме со нив и од шо сме си блиски в уста си пљукаме. 


И види тогаш се грешело и со терминологијата која се употребвела. Не биле толку писмени. Тогаш за дегустатори се употребвел зборот окупатори. И од тогаш останало во историјата дека бугарите биле окупатори на Македонија, а не како шо било дека бугарите биле дегустатори на Македонија. Хитна исправка морат да имат. Да не ги вреѓаме аман. Да си се заживејме со нашите братја, да се зближиме, абре гашчи носени да си менвине ако не и чорапи смрдени, не перени. Самоила да го поделима меѓу нас, абре и да им го поклониме ако требит, само да се имат сожителство и мир во куќата. Нивната. 


А за да имат мир требит да се избегвет јанглаши на пример ко шо се избегна јанглашот со дрвата на туристичка кај нас во Охрид. А не не не ме разбра. Ак не им се влезеше в ципа ќе беше јанглаш. Јас незнам како не виде. Знајш какви корења имаја??? Пооо.....питони. Абе ко фати еден ден да се креват и тротар и асфалт, абре све се крена. Јас едно време мислев фонтана се прајт, ама ко стигнав поблиску ко гледам шо ќе видам. То цефки, мефки, колектор, молектор, плочки, мочки.....абре све кренато. 


И да виш како им растеја корењата, па па па. Како папрати. Дур гледав ми се јави брат ми од центар заборајл пари и јас џанк по еден корен му пратив 1000-ка. До центар стигна коренот. Ко ти викам. Абре кој те лажит не траскај. Ак те лажам да дајт Господ 3000 еври плата да земам, да би се изназел. И плус многу стари беа сите до едно стебло. 


Баш на едно видов, со ноже изрежано на кората срце рушено со стрела и внатре имаше букви “Ј & Р“. И сега замисли ич малку ич малку то дрво нека имат еднооооо 420 години ко ништо. З`ш 1597 година Јулија се запознала со Ромео ко имала 13 години. Абе од ко е напраена Туристичка едносмерна.


Е сега слушам некој шо барет крокодил во јајцето, јанглаш напрајле шо го клале асфалтот па сега го сечеле на коцки за да клаеле нови дрва. Абре вие шо јајте трици сте дрва. Ам така се прајт ко ќе се садет дрва кои успевет кај нас, како Слоново Стапало со потекло до Мексико или Секвоја или Јапонска Криптомериј.....абе све шо мојт кај нас да си успејт. Виде како Влакнестите Палми успеаа? Виде? И овие ко нив ќе успеат. Да се исушат.


ЏИМИ


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833