ОГЛАСИ

Пеперутките повторно го „сардисаа“ Охрид

Вести | Охрид | 26.06.2017 11:34Посети : 2831

Во истиот период како и изминатите две години, голем број ноќни пеперутки деновиве повторно се забележуваат покрај уличните светилки, но и во домовите и останатите објекти во близина на градскиот кеј.



- Последните неколку дена ги има се повеќе и повеќе. Воопшто не е пријатно да се седи на тераса, но влегуваат и во останатите простории. Вчера само во една соба забележавме околу дваесет, раскажуваат граѓани кои живеат во близина на кејот.


- Имаме продавница, но деновиве е навистина непријатно да се работи, роеви пеперутки околу продавницата, на стаклото, внатре, и самите купувачи реагираат, велат сопственици на маркет.   


Реакции и од угостителските објекти, но и од граѓани кои живеат вон централното подрачје кои велат дека пеперутките, иако во помал број, ги има и во останатите делови на градот.



Она што може да се забележи годинава е тоа дека освен бели пеперутки, голем е бројот на кафените. Дали станува збор за ист вид ноќна пеперутка, стручните лица треба да дадат одговор.  



 


Граѓаните апелираат што поскоро да се преземат мерки пред да се повтори состојбата од минатите години, кога роеви пеперутки имаше речиси во сите делови од градот.




© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833