ОГЛАСИ

30-годишен скопјанец обивал автомобили покрај туристички локации во Охрид

Вести | Охрид | 26.06.2017 12:08Посети : 2545

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела  „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишен скопјанец. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казнените дела ги извршил во текот на март и април оваа година,  во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските.



- Лицето, користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила, сопственост на македонски и странски државјани. Притоа, одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички, додава Димоски.


Со сторените дела пријавениот се стекнал со против правна имотна корист која дополнително ќе се утврди.


OhridNews 
        

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833