ОГЛАСИ

Туристичките работници со листа на барања до владата

Вести | Охрид | 27.06.2017 07:00Посети : 1297

Во насока на подобрување на условите за привлекување на странски гости и развој на туризмот, домашните туристички работници подготвија листа на барања кои ќе бидат доставени до владата, од која очекуваат поддршка во напорите за подобрување на условите за работа и решавање на проблемите во туризмот.


-Пред се тука се мисли на намалувањето на ДДВ-то за храната и пијалоците, спречување на нелојалната конкуренција и човек агенциите, донесување на ГУП-вите за туризмот, како и релевантен маркетинг и презентација на Македонија пред светските туроператори и ширење на таа мрежа, како на крајот би можеле да имаме што е можно повеќе туристи. Исто така потребно е подигнување на нивото на хигиена во целата држава, како и подобрување на стручното образование со цел да се создаде поквалитетен кадар и во хотелите и во агенциите. - изјави Асим Меѓедовиќ од Т.А. „Фибула“. 


Туристичките работници очекуваат добра главна сезона која по бројот на гости и остварени ноќевања ќе ја надмине минатогодишната. Оптимизмот го темелат на склучените аранжмани со странските тур-оператори, но и на зголемениот број на чартер летови од нови дестинации на охридскиот аеродром. Една од нив е Катовице, од каде оваа сезона во Охрид треба да пристигнат околу 3000 полски туристи, а дополнително со автобус уште околу 2000.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833