ОГЛАСИ

ВМРО НП: Новата влада да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква

Вести | Охрид | 26.06.2017 23:24Посети : 2204

ВМРО – Народна партија од Охрид бара од новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква.



-Бараме ова меѓуопштинското јавно претпријатие да се раздели на три единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем како посебно јавно претпријатие односно под државна капа. Со раздружувањето на МЈП Проаква на трите единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем ефектот од работата би бил поголем. Покрај раздружувањето на претпријатијата Водовод Охрид и Водовод Струга, ВМРО – Народна партија бара формирање на ново Државно јавно претпријатие „Колектор". Со тоа би се олеснила работата на МЈП "Проаква", но и трошоците за струја, кои во најголем процент одат за одржување на колекторскиот систем. - велат од ВМРО НП.



ВМРО – Народна партија уште во 2009 година поднесе барање до тогашната влада за оваа работа, меѓутоа владата предводена од ДПМНЕ, како и за многу други наши предлози за Охрид немаше слух. Се надеваме дека новата влада ќе го разгледа овај наш предлог и ќе го прифати, стои во соопштението на ВМРО - Народна партија - Охрид.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1235 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833