ОГЛАСИ

Наградата „Крсте Чачански“ за „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски

Живот | Книга | 28.06.2017 11:46Посети : 1208

Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, годинава ја доби  ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски. Седми пат наградата ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга. По објавениот Конкурс што го распиша Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“, жирито за доделување на наградата „Крсте Чачански“ за 2017-та година едногласно одлучи наградата да ја додели на збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски.



„Триесетте кратки раскази од збирката „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски преку комичност, упростеност и хетерогеност од раскажувачки стилови и фабули се исполнети со впечатливи ликови, разговори и настани со возбудливи и постојани пресврти. Тие ефектуираат една нова поетика на апсурдната реалност која со себе го носи печатот на модерноста во која авторот живее, твори и творејќи експериментира со нови книжевно-експресивни облици“ - е образложението на членовите на жирито.


Познатиот српски писател Срѓан Тешин расказите на Марковски подвлекува: Јазично и стилски одлично обликувани, а повеќето и изразито духовити, приказните на Стефан Марковски нудат и еден посебен квалитет кој ги одликува само врвните мајстори на раскажувањето: тие секогаш имаат отворен крај, кој на читателите им овозможува бескрајни интерпретативни проширувања, што ги чини интригантни и заводливи.


Досегашни добитници на наградата „Крсте Чачански“ се: Христо Петрески, Милован Стефановски, Петре Димовски, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски и Васил Тоциновски.


Наградата на Марковски ќе му биде врачена на 7 јули во спомен-куќата на Миладиновци, во 12 часот во Струга во рамки на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2017“.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833