ОГЛАСИ

Фото: Спектакуларен езерски концерт на зајдисонце на Владимир Четкар

Занимливости | Охрид | 07.07.2017 20:22Посети : 7090

Кајчиња, глисери и бродови полни со публика од вода го следат концерот на Владимир Четкар и неговиот секстет на плажата Лабино со кој започна манифестацијата „Бело лето“.




Амбиентот од кој запира здив изгледа уште попривлечно на прекрасното езерско зајдисонце.



- Ова е една многу убава идеја. Да се направи концерт на Лабино е навистина чекор напред од стандардните размислувања, бидејќи тоа е место кое го знаеме како едно од најволшебните во Охрид. Концертот ќе биде терапија за сите кои се под стрес, со музика и уметност да ја излечиме напнатоста. изјави Владимир Четкар. 



Исто така вечерва,  во 21 часот, во предворјето на црквата Св.Софи белградскиот театар „Славија“, ќе ја изведе познатата претстава „Коштана“.


- Секогаш ми е задоволство да дојдам во Охрид, веќе сум настапувала на „Охридско лето“ со претставата „Цигани летаат на небо“ и морам да признам дека тоа ми е еден од најубавите настапи во кариерата. Игравме на Античкиот театар, сите бевме на сцена, пеевме од срце, а заедно со нас и публиката. Ако 50% од тоа доживеам вечерва ќе бидам пресреќна, вели српската актерка Весна Паштровиќ.

Манифестацијата „Бело лето“ во организација на локалната самоуправа годинава се одржува по петти пат.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1348 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833