ОГЛАСИ

Големо признание за триото на Дамјан Пејчиноски во Кина

Занимливости | Свет | 14.07.2017 11:37Посети : 4017

Триото на светски познатиот гитарист од Охрид Дамјан Пејчиноски ја доби наградата "Excellence In Performance" на фестивалот на културата (China Cultural Season Festival) што се одржа во кинескиот град Ланжу. Наградата на Дамјан Пејчиноски му ја врачи првиот човек на градот.



-Почесени сме што ја добивме оваа награда заедно со другите наградени изведувачи на овој извонреден интернационален фестивал. Му благодариме на прекрасниот кинески народ, на организаторот и градот Ланжу за искажаната голема почит кон нас. Длабоко не допре вашата гостопримливост и дух. - истакна Дамјан Пејчиноски по добивањето на наградата.










Фестивалот во Ланжу се одржа од  6 до 11 јули под покровителство на министертвото за култура на Кина и кинеската џез асоцијација. Триото на Дамјан Пејчиноски се претстави со џез теми и македонски етно компонзиции во сопствен аранжман.




Настапот на Дамјан Пејчиноски трио предизвика големо внимание во тамошната јавност. По завршувањето на настапот Дамјан се дружеше со публиката која покажа голем интерес за неговата музика.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833