ОГЛАСИ

Осма титула за Федерер на Вимблдон

Спорт | Свет | 16.07.2017 20:01Посети : 219

Рожер Федерер го освои Вимблдон и влезе во историјата како најтрофеен играч на најпрестижниот тениски турнир во светот. Федерер во финалето за 100 минути игра го победи Марин Чилиќ со 6:3, 6:1, 6:4. Федерер ја освои осмата титула на Вимблдон, прва по 2012 година.



Швајцарецот, Вимблдон го освои без загубен сет, во финалето, со исклучок на првите три гема, доминираше во целост. Во тоа многу му помогна Чилиќ кој воопшто „не се појави“ на Централниот терен.


Хрватот кој играше брилијантно на патот до финалето, во мечот за титулата како да беше премногу импресиониран од Федерер и значењето на самото финале. Во еден момент дури и заплака од болката на нозете, но и покрај лекарската помош тој не успеа да издржи до крајот.


Федерер ја освои осмата титула на терените на „Ол Ингланд Клаб“ и на вечната листа го мина Пит Сампрас и Вилијам Реншо, кој своите седум титули ги освои пред Опен ерата.


Швајцарецот, оваа сезона победи и на Аустралијан Опен и со вимблдонската титула стигна до рекордни 19 трофеи на Гренд слем турнирите.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 919 гласови (37%)

Не - 657 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 939 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833