ОГЛАСИ

Eксклузивeн концерт на Васил Хаџиманов бенд во Охрид

Занимливости | Охрид | 17.07.2017 07:00Посети : 3018

Васил Хаџиманов бенд на 19 јули (среда), ќе одржи ексклузивен концерт во култниот клуб Џез Ин во Охрид.


Идејата на Васил за комбинирање на традиционалните балкански фолк ритми и западните, модерни стилови (jazz, funk, rock, world music) во неговата музика е во потполност автентична и претставува нов пристап во џез музиката. Во 2001 година ВХ бенд го вадат првиот албум со наслов “11 причини за...”. Првиот тираж се распродава за три месеци, а ја добива наградата Беовизија за најдобар дебитантски албум. 2003 година го објавуваат вториот албум “Кафанки”, кој успешно го промовираат ширум цела Европа. Октомври 2007 излегува третиот албум “Сега му е мајката”, на кој се наоѓа песната “Охрид”



Во април 2009 го снимаат четвртиот албум “Живота ми”, кој е оценет од страна на критичарите како нивен најдобар албум досега. 2013 година следи “Can You dig it” петтиот албум, издаден и за OverJazz Records во Германија. 


Моментално ВХ бенд го промовираат шестиот албум “Alive”, кој е нивен прв албум снимен во живо во пет различни градови, во пет концертни дворани. Специјален гостин е Светски познатиот саксофонист Davin Binney, а албумот е издаден за Американската издавачка куќа “MoonJune Records” од Њујорк.



Сите изданија и музиката на бендот во Србија се прогласени за уметнички дела од културно значење за оваа земја. Во изминатите 15 години, Васил и неговите музичари неуморно и со голем успех ја свират нивната музика на концерти и џез фестивали на секаде во Светот: Белград, Нови Сад, Берлин, Виена, Братислава, Нагоја, Париз, Трст, Сараево, Загреб, Скопје, а во Охрид последно свиреа во 2011 година на Охридскиот Џез Фестивал.


Во своите бројни настапи бендот настапувал со бројни музичари како: Theodossi Spassov, Marko Đorđević, Toni Kitanovski, David Binney, Aleksandar Petrov, Bachar Khalife, Bisera Veletanlić, Brankica Vasić Vasilisa, Zafir Hadžimanov, Senka Veletanlić, Wikluh Sky, Samir Kurtov, Dado Topić, Rosen Zahariev, Hana Vučićević, Nigel Kennedy, Vlatko Stefanovski, Jelena Jovović, Jasna Jovicević... 



Во Охрид Васил доаѓа со својот квинтет: Мирослав Товариќ, Бојан Ивковиќ, Предраг Милутиновиќ и Бранко Тријиќ.


Концертот почнува во 22:00 часот, а картите (во ограничен број -70) по цена од 500 денари, може да се купат во Музичката продавница Зи Зи Топ.


OhrdNews


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833