ОГЛАСИ

Хрватска гори од Истра до Далмација

Вести | Свет | 17.07.2017 08:30Посети : 834

На неколку локации на јадранскиот брег во Хрватска избувнаа пожари, а поради силната бура огнот им се закани на куќите во Бродарица и во близина на Шибеник. На пожарникарите им помагаат жителите и туристите кои ја топат со вода вегетација околу куќите, а беа ангажирани и канадери.Пожар избувна и во Далматинска Загора, а тешко е и во близина на Пула и на островите Вир и Паг. Хрватските вооружени сили потврдија дека се вклучени во гаснењето на пожарите на површина од Истра во Далмација.



Пожарите се уште се активни и на црногорскиот брег. На Луштица и од Грабовица да Бигово пожарот што беше засилен од ветровите и им се закануваше на населбите сега е под контрола, така што е одложена евакуацијата на жителите.


“Ситуацијата на теренот е многу тешка.Огромниот пожар се пренесува од страна на силен ветер. Се бориме и се надеваме дека брзо ќе го изгаснеме огнот”, изјави командантот на службата за спасување на Котор, Максим Мандиќ.Пожар има и на неколку локации околу Тиват.


“Ситуацијата е алармантна и немаме помош од воздух, поради силниот ветер кој постојано го врти правецот. Сите сме тука во областа, целиот персонал, опремата, техниката. Оставени се само неопходни сили да го бранат градот ако треба. Ситуацијата е драматичните и алармантна. Затоа ги молам сите што можат да ни помогнат да излезат на терен “, повика Мандиќ.


OhridNews
Makfaks

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833