ОГЛАСИ

Нема притвор за Латас, екс-вицепремиерот Пешевски остана без пасош

Вести | Македонија | 17.07.2017 11:58Посети : 825

Апелациониот суд го потврди решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 од Скопје, по жалбата од екс-вицепремиерот Владимир Пешевски за одземање на пасошот и наложување да се јавува една неделно во судот. Иста одлука Апелација донесе и за бизнисменот и водител Драган Павловиќ Латас. За него ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор.



Во решението на Апелација за Пешевски пишува: „Првостепениот суд правилно оценил дека во оваа фаза на постапката, примената на мерката притвор не е оправдана и дека со примена на поблаги мерки, како што се определените мерки на претпазливост – обврска за јавување во судот и привремено одземање на патната исправа, успешно ќе се елиминира опасноста од бегство, со образложени причини кои овој суд ги прифаќа. Имено, имајќи ги предвид фактите и околностите на кои укажува тужителот, како и околностите  обвинетиот да е со познат идентитет и познато место на живеалиште, како и околностите во поглед на семејните и материјални услови на обвинетиот, односно дека има воспоставено семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење, има оформено свое потесно семејство, татко е на три деца. Кога се проценува дали постои реална опасност од бегство, судот мора да ги заме предвид сите околности на конкретниот случај. Овој суд, меѓу другите, ја ценеше околноста дека обвинетиот поседува банкарски сметки, но истата не ја цени изолирана од другите околности, како погоренаведените. Оттука, жалбените наводи на тужителот истакнати во овој правец се неосновани“.


Апелација ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор за Драган Павловиќ Латас. Во образложението пишува: „Овој суд ја прифати одлуката на првостепениот суд и не го прифати предлогот на тужителот истакнат со жалбата за определување на мерката притвор према обвинетиот, со поткрепа од фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и непосредно го убеди дека со неговото досегашно однесување во постапката и дадените наводи од кои произлегува ветување за присуство во понатамошниот тек на истата, а имајќи ги предвид фактите и околностите на случајот и изнесените од страна на странките, ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка.“


OhridNews
Макфакс

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833